ВМРО-ДПМНЕ побараа институциите со упатства и совети за заштита вна земјотрес да им помогнат на охриѓани

Пратеникот Илија Димовски, во име на сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ побара надлежните институции и Владата да бидат присутни на терен во охридско-струшкиот регион и со упатства и совети да им помогнат на граѓаните во оваа веќе алармантна ситуација за грашаните на овој регион.

 

-         

Трета тема за која што сакам да се обратам односно да упатам апел во име на сите пратеници посебно од пратениците од петтата изборна единица, од Охридско - струшкиот регион, од Ресен, од Битола, е апел до институциите на Република Македонија, и ова го зборувам многу човечки без разлика кој е на власт кој е на опозиција, треба да се дистанцираме за оваа тема апсолутно, да бидат поприсутни на терен во овие региони заради тоа што само ноќеста имаше 5 крупни земјотреси, а во последните 68 часови, 42 крупни земјотреси. Знам дека никоја институција не може да се справи за да нема земјотреси, ниту е паметно тоа да го бараме, но мислиме дека државните институции од различен карактер и аспект, дали тоа ќе биде Владата или некои од министерствата, дали ќе бидат и други институции вклучени, треба да бидат поприсутни на терен заради тоа што според информациите кои што ги имаме владее сериозна психоза кај граѓаните на овие неколку градови. Ќе повторам само во последните 68 часови има 42 земјотреси. Имаме чуство дека државата некако неадекватно се однесува кон овој проблем компарирано со проблемот кој што минатата година го имавме во Скопје.  Тука би рекол можеби и ние како Собрание и медиумите и сите треба да обрнеме поголемо внимание за да во најмала рака им се укаже на граѓаните на Охрид и на Ресен пред се како треба да постапуваат, како да се заштитат, како да изреагираат во ситуација и затоа упатувам апел до сите државни институции дистанцирајќи се од сите политички или партиски на оваа тема да реагираат што е можно побрзо, побара Илија Димовски.

 

 

 

05.07.2017 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа