ВМРО-ДПМНЕ: Владата се жали на превработеност, а вработува нови лица

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СДСМ во изминатиот период во обид да ја манипулираат јавноста, прикажувајќи ја претходната влада како неодговорна и расипничка која создала превработеност, се фатиле во сопствената лага. Владата на СДСМ вработува лица кои ја критикувале претходната власт и иако се жалела на превработеност, како што рече на прес-конференција Емилија Александрова од оваа партија, ангажирала лица од СОРОС, новинари блиски до оваа партија и партиски членови. 

- Новинарот Зоран Бојаровски е дел од новиот тим на министерот Роберт Поповски. Бојаровски беше дел од тимот на А1 телевизија и дел од тимот на МИМ кој е финансиран од СОРОС. Претходно на ист принцип беше вработена и Катерина Цаневска – Арсовска во општина Центар од страна на Жерновски. Заев во Владата на СДС ги вработи и Бојан Маричиќ од невладината за европско образование, сопруг на поранешната пратеничка Маринела Тушева, Дане Талески од институтот Прогрес, Марјан Забрчанец од МОФ, рече Александрова, забалежувајќи за ангажирањето и на новинарот Петрит Сарачини и на Петар Арсовски во Министерството за култура и на Бранимир Јовановиќ во Министерството за финансии.

Она што е уште полицемерно, наведе Александрова, е новиот оглас за вработување на 13 посебни советници во Владата на Република Македонија со плата во висина од 36.873 денари. Ваквиот оглас доаѓа откако пред само една недела Рашковски и Манчевски тврдеа дека јавната администрација се соочувала со превработеност. Очигледно тоа важеше само една недела, рече Александрова.

 

 

 

05.07.2017 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега