Трагедија во Македонија: Си ја пронашол девојката мртва во стан

Трагедија ја потресе Македонија, млада девојка била пронајдена мртва. Полицијата денеска информира дека во текот на вчерашниот ден во 13 часот и 20 минути во Куманово на улицата „Браќа Филиповиќ“, во куќата на 28-годишниот Ф.И. била пронајдена почината неговата девојка.

Се работи за 27-годишната М.К. од Куманово, за која за жал Брзата помош можела само да констатира смрт.

На телото на девојката немало траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.                               

 

 

 

06.07.2017 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега