ВМРО-ДПМНЕ: Владата и Макрадули не се извинија за навредите кон Турција

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека ниту Владата, ниту заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули не се огласиле за, како што се наведува, навредите што тој ги упатил кон Турција и турскиот народ на социјалните мрежи.

- И ова не е прв пат. Речиси една година од обидот за државен удар во Турција, кога дел од турската војска сакаше легално избраната власт да ја сруши се случи тој немил настан во кој згаснаа 290 човечки животи. И повеќе од 1.400 луѓе беа повредени. Која неморалност, која неодговорност да ставиш слика од овој настан и да напишеш дека сакаш ова да се случи и кај нас, изјави Нермин Телоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. 

Ова, како што нагласи, го правеа луѓето од СДСМ, како Ивор Мицковски, Лидија Димовска и други. 

Телоска потенцира дека Турција е пријателска земја, која го почитува нашиот суверенитет и го признава идентитетот на македонскиот народ.

 

 

 

07.07.2017 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега