Костовски: СЈО е продолжена рака на СДС

Специјалното јавно обвинителство е продолжена рака на СДС, тоа е алатка за политичко жигосување, без било какви докази и аргументи, рече на денешната прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, случаите на СЈО се без било каква правна основаност, темелени на политички квалификации наместо факти, и претпоставки кои имаат политичка цел.

- Практично се она за што Заев лажеше, клеветеше СЈО изгради политички случаи од тоа. Ова нема никаква врска со правото туку со исклучиво со политика. Сега истите прават брутален притисок врз судот. Тоа е така затоа што немаат докази, а немаат докази затоа што истражуваат и обвинуваат за непостоечки случаи. Обвинуваат за небулози, работи кои немаат врска со фактичката состојба. Во ниту еден од случаите кој го посочуваат не е направена штета врз буџетот, ниту пак се заобиколени случаите. Се е политика, и наместо правен се создава политички трибунал. СЈО спроведува инквизиција во 21 век во Европа. Таргетот е само една политичка партија, таргетот се стотина души од ВМРО. Побараа одземање на четириесетина пасоши само на членови и симпатизери од ВМРО. Ваквиот монтиран и брутален политички прогон не бил никогаш во македонската држава, рече Костовски.

Гревот на ВМРО-ДПМНЕ, како што посочи не е криминал, туку затоа што останаа заедно со народот единствениот бедем за одбрана на државата. - Единствените кои остро, недвосмилисно се спротивставија на рушење на националните и државни интереси кои СДС ги распродаваат, единствените кои работеа за економски и политички напредок. Целата фама, целата црна пропаганда е со цел да се сруши ВМРО-ДПМНЕ, нема да успее, нагласи Костовски. 

 

 

 

07.07.2017 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега