ВМРО-ДПМНЕ: СДС прави спротивно од она што им го ветуваше на граѓаните

Остварувањето на основните човекови права не треба да зависи од тоа дали некој е или не е член на СДС. СДС едно ветуваше на граѓаните пред изборите, а сега прави нешто сосем спротивно, обвини ВМРО-ДПМНЕ во соопштение, посочувајќи дека пратеникот на СДСМ Курто Дудуш на граѓаните им порачал дека може да стигнат до основните свои права само доколку имаат нивна партиска членска книшка.

- СДС со ова прави дискриминација на граѓани од прв и втор ред. Сите оние кои не се членови на СДС значи дека не може да стигнат до основните права во државата. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите меѓународни претставници во Македонија и меѓународната заедница да реагираат на ваквото прекршување на демократските принципи во нашата држава, наведува ВМРО-ДПМНЕ. 

Партијата во соопштението пишува и дека по еден месец од владеењето, СДСМ ги преполнил министерствата и Владата со некомпетентни партиски кадри и кадри на Сорос.

- Под државна капа СДС ги стави соросовците Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Петрит Сарачини, Никола Наумовски, Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил, Бранимир Јовановиќ и многу други кои беа дел од таканаречената шарена револуција, која причини огромна материјална штета на објектите, мостовите и спомениците во градот Скопје. Граѓаните на Република Македонија не сакаат и не заслужуваат партиска држава каде што членовите на СДС и некомпетентните и неискусни деструктивци ќе бидат привилегирани и плаќани од буџетот кој го полни народот, навдува ВМРО-ДПМНЕ. 

 

 

 

08.07.2017 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега