ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСM не е реформска, туку цензорска

Медиумите не се и не смеат да бидат третирани како политички непријатели, а уште помалку да се ограничува нивното работење и пристапот на информации, апелира денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата бара сите новинарски и медиумски здруженија да ја осудат постапка на Владата која, според Коче Гаврилов, член на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, селективно забранила пристап од компјутерите на вработените до порталите Курир, Инфомакс, Јавно, ТВ Нова и уште десетина други медиуми.

- Овој тоталитарен потег е спротивен на сите демократски и европски вредности, изјави Гаврилов пред Владата.

Зоран Заев, додаде Гаврилов, мисли дека ако се читаат само Плусинфо, Либертас, А1он и останатите портали финансирани од СДС/Сорос, ќе ги сокрие криминалите и деструктивните политики, а јавноста нема да знае за одбивањето да се укине радиодифузната такса, да се продолжи породилното или да се сработи било што од корист за граѓаните.

- Сведоци сме на почетокот на медиумскиот мрак кој на дело го спроведува новата северно-корејска Влада на Република Македонија. Цензурирањето е само по себе скандалозно. Денес тоа е забрана во Владата, утре може да се однесува на сите државни институции, а на крај може да заврши со целосна забрана за нивно работење, укажа Гаврилов.

Како што нагласи, ова отвора сомнеж дека Владата на Заев во пресрет на антидржавните потези кои планира да ги спроведе, има намера да ги замолчи медиумите кои не се согласуваат со нивната деструктивна политика

- Оваа северно-корејска матрица на работење на СДС покажува дека само лицемерно зборуваа за демократија и отвореност кон критики, а всушност се подготвени на целосна ликвидација на медиумите кои известуваат за нивната работа објективно, рече Гаврилов во изјава пред Владата.

 

 

 

08.07.2017 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега