Австралиската министерка за надворешни работи во Македонија

 

Министерката за надворешни работи на Австралија Џули Бишоп ќе престојува во Република Македонија, во рамки на нејзината посета на Источна Европа планирана од 9 до 15 јули.

За време на посетата, Бишоп, како што се најавува на официјалната веб страница на австралиското МНР, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и со претставници на невладини организации кои работат со финансиска поддршка помош на Владата на Австралија.

Ова е прва посета на министер за надворешни работи на Австралија на Република Македонија. 

Во рамки на посетата на регионот Бишоп ќе престојува и во Хрватска и Србија, а посетите имаат за цел зајакнување на билатералните односи и подобрување на економските и безбедносни интереси на Австралија во регионот. 

 

 

 

08.07.2017 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега