Села: Ќе ја напуштиме Владата ако не се усвои Законот за јазиците

Нашата партија ќе ја напушти Владата ако во првите 100 дена не биде донесен Законот за јазиците. Ова синоќа го истакна Зијадин Села, лидерот на Движењето за реформи во ДПА, на редовното партиско Собрание во Тетово.

- Јавноста ќе биде сведок на усвојувањето на Законот, и не верувам дека ќе бидат потребни другите чекори, но ако треба подготвени сме на тоа. Имаше објаснување дека законот може да падне пред Уставен Суд, но не треба да се грижиме бидејќи тогаш ќе се појави потребата од уставни измени, вели Села.

Тој истакна дека ќе се залага сите партии од АЛијансата на Албанците да се спојат во една.

 

 

 

10.07.2017 - 08:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега