Напаѓачот на Села нападнат во затворот „Скопје“

Кире Ѓорѓиевски, еден од напаѓачите на пратеникот Зијадин Села за време на „крвавиот четврток“ во Собранието, е нападнат во притворскиот дел од затворот Скопје. Како што дознава Макфакс, инцидентот се случил за време на посетата во затворот. Еден од притворениците, Албанец, чиј идентитет не го откриваат надлежните во затворот во Шуто Оризари, при разминување го удрил Ѓорѓиевски го глава, кој потоа побарал медицинска помош.

Инцидентот го потвруваат и од Управата за извршување санции при Министерството за правда и од Затворот „Скопје“. Директорот на затворот, Александар Ѓеорѓиевски за „Макфакс“ вели дека нападнатиот притвореник бил прегледан од лекар, по што бил упатен на дополнителни проверки на скопските клиники.

Случајот е пријавен во полиција, во затворот увиз извршиле дежурен обвинител и полициска екипа.

Кире Ѓорѓиевски, заедно со уште три лица беа идентификувани на собраниските снимки како го влечат пратеникот и претседател на  Движење за реформи – Демократска партија на Албанците, Зијадин Села низ собраниските ходници, за време на насилството кое се случи на 27 април годинава.

 

 

 

11.07.2017 - 09:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега