Ја киднапирал и малтретирал - драма во Куманово

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 41-годишниот И.К. од Куманово за сторено кривично дело “грабнување”. На први месецов околу 21 часот, во населбата Пуковско тој и се приближил од зад грб на 21-годишната М.З. од Куманово, физички ја нападнал удирајќи и тупаница и шлаканица по лицето, по што со закана со нож ја однел во неговата куќа, каде ја заклучил во една од собите.

Девојката таму останала до полноќ, кога насилникот ја отклучил собата, влегол неговиот татко, па тие се истепале, а таа искористила да избега.

 

 

 

 

 

11.07.2017 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега