Престрелка меѓу две групи во скопско Драчево - застрелан млад скопјанец

Дваесет и четири годишно момче е повредено во престрелка меѓу две групи која попладнево се случила во скопско Драчево, дознава Press24 од полициски извори. Според информациите во инцодентот учествувале повеќе лица кои започнале тепачка кај поштата во Драчево користејќи ножеви и огнено оружје. По тепачката учесницоте со два автомобили марка Фолксваген и Хјундаи побегнале од местото.
Неофицијално според извори од МВР се сомничат две лица, извесен Г.Н ид Скопје и лице чии иницијали почнуваат со Љ кои се превезувале во Фолксвагенот. Автомобилот полицијата го пронашла во населбата Драчево а по лицата и другиот автомобил се уште се трага.
Повредениот Д.Т. е префрлен во волница но нема информации за неговата состојба.
Од МВР за Press24 и официјално го потврдуваат случајот но велат дека повеќе детали ќе соопштат по завршувањето на увидот.
Драчево неколку часа беше влокирано од возила на полиција и Брза Помош.

 

Иако од полицијата не сакаат да изнесуваат детали очевидци велат дека повредениот и напаѓачите се од македонска националност.
 

 

 

11.07.2017 - 19:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега