Со возилото излетал од патот - страшна несреќа во Македонија

Страшна несреќа се случи во Македонија во 04 часот и 10 минути на регионален пат Куманово-Граничен премин Пелинце.

Полицијата информира дека 30-годишниот Д.Д. од Куманово, управувајќи патничко моторно возило “Југо Скала“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола на управување над возилото и со истото слетал од левата страна надвор од коловозот.

Во незгодата, тој и сопатникот М.М. од Скопје, со возило на итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Куманово, каде кај М.М. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Д.Д, карактерот на повредите дополнително ќе бидат утврдени.

Повредените лица се задржани на понатамошно лекување. 

 

 

 

12.07.2017 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега