ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ преку СЈО води монтирана хајка против наши функционери

 ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ преку СЈО има за цел да води монтирана и политички инспирирана хајка против функционери од ВМРО-ДПМНЕ за да може, како што истакнуваат, да ја спроведува својата антидржавна и деструктивна агенда.

- Позадината е јасна, слабеење на ВМРО-ДПМНЕ со цел слабеење на државата. Затоа се водат тенденциозни случаи кои не се базирани на правни аргументи, туку на политички конструкции. Случајот со обвинението за наводни шамари е типичен пример за таква политичка конструкција коja е нарачанa од партиските кујни на СДС. Ниту се удрени шамари, ниту е физички нападнат градоначалникот Жерновски, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, целиот случај се заоснова врз протести на здружение кое, како што рече, беше против стопирање на изградба на црквата во Центар, а целокупната штета се два скршени прозори како резултат на револтот на граѓаните.

- Како и за сите други обвиненија нема правна основа, туку се штанцаа со цел функционерите на ВМРО-ДПМНЕ да се тормозат и влечат по судови додека СДС го спроведува сценариото за разнебитување на државата, рече Костовски.

 

 

 

13.07.2017 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега