Трагедија во Радовиш - риболовец загина од струен удар

На 13.07.2017 година во 21,20 часот во Медицински центар Струмица е донесен починат 39-годишниот Ѓ.Ј.од с.Подареш-Радовиш. Истиот претходно на реката Стара Река, помеѓу селата Злеово и Владевци, ловел риби со помош на агрегат за електрична енергија, при што се здобил со струен удар. Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и екипа од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Радовиш. Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.

 

 

 

14.07.2017 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега