Со стапови удирале по прозорите, па ги истепале домашните - хорор во Гостивар

На 13.07.2017 година. вечерта, во Гостивар. на ул.„Панче Попоски“ во стан сопственост на А.Х., додека седел дома со семејството, дошле А.Х., Р.Х., Е.А., М.А., Џ.Х., Џ.Х., Р.Х., Н.А и други лица и почнале со стапови да удираат по прозорите, а потоа ја отвориле влезната врата од станот и влегле внатре и физички ги нападнале внатре присутните, нанесувајќи им телесни повреди.

Причина за наведеното е претходна расправија помеѓу А.Х. и Е.А..

Полициска станица Гостивар презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

14.07.2017 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега