Хорор сообраќајка кај Арачиново: Загина тинејџерка , 8- годишно девојче тешко повредено

Вчера околу 16,00 часот, било пријавено дека на патот село Арачиново-село Брњарци се случила сообраќајна незгода, во која 20- годишен Е.Х од село Арачиново, управувајќи патничко моторно возило „БМВ“, удрил во бетонска ограда покрај патот.

Во 16 часот 50 минути , во населбата Ченто, во амбулантата „Пеницилин“, била донесена почината 16 годишна девојка од Скопје, сопатничка во возилото, а во незгодата со повреди се здобило и осумгодишно девојче, кое било пренесено во Градстка општа болница „Наум Охридски“ и по укажана лекарска помош е пуштена на домашно лекување.

На Е.Х. му е укажана лекарска помош во „8-ми Септември“.

Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција.

 

 

 

14.07.2017 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега