Воз усмрти маж на пругата кај Демир Капија

Воз прегази маж, утрово околу 9 часот 15 минути, на местото викано „Пржински мост“, во Демир Капија. Како што информираат од МВР возот сообраќал од Скопје кон Гевгелија.

Возит удрил во НН машко лице (кое се наоѓало на пругата). Од ударот, НН лицето починало на лице место. Смртта е констатирана од ИМП, информираат од МВР, од каде што додаваат дека во моментот се врши увид на лице место, а на лице место ќе излезе и обвинител.

 

 

 

15.07.2017 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега