Стојановска: На СДС им пречи проектот 2014 зошто се овековечи македонската историја и култура

Денеска Собранието на Република Македонија ја продолжи расправата за Ребаланс на Буџетот за 2016 година.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница посочија дека новата влада спроведува погрешна политика  поради која  дојде до запирање на реализацијата на многу проекти меѓу кои се и автопати, патишта и инфраструктурата.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска се надовржа на говорот на пратеничката Авиоривиќ дека невработеноста во Македонија и за време на Економска криза, од Владата на ВМРО-ДПМНЕ успеја да се намали од 36 % на 23% односно донесе 27 000 нови вработувања.

Стојановска наброја низа на проекти кои за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беа остварени:

  • Владата на ВМРО-ДПМНЕ отвори фабрики, изгради патишта, нови училишта и реновира постоечки, изгради 21 нова градинка и реновира постоечки, изгради нови спортски игралишта..
  • Благодарение на Владата на ВМРО-ДПМНЕ го имаме денешниот лик на аеродромот “Александар Велики”
  • Благодарение на владата на ВМРО-ДПМНЕ го имаме денешниот лик на  арената “Филип Втори” каде што во август ќе се одигра натпреварот на Суперкупот во фудбалот.
  • Благодарение на Владата на ВМРО-ДПМНЕ денес Скопје е светска метропола
  • Благодарение на владата на ВМРО-ДПМНЕ и на проектот 2014 Скопје е светска метропола

Стојановска за проектот “2014” посебно истакна:

  • Незнам дали повеќе на колегите од Социјалдемократски сојуз им пречи проектот “2014” заради тоа што Скопје е светска метропола или заради тоа што со овој проект  успеја да се овековечи Македонската историја  и култура. Јас мислам дека овој проект требаше и многу порано да се реализира зошто така барем денес ќе имавме еден министер за култура кој што ќе знаеше дека Војдан Чернодрински не е роден во Прилеп.

За ребаланс на буџетот таа додаде:

  • Ако владата на ВМРО-ДПМНЕ го зголемуваше буџетот за учениците, студентите и за социјално ранливите каатегории, за жал оваа влада истиот буџет токму во овие категории планира да го намали. Од друга страна пак го зголеми бројот на министерства, министри и заменици министри и како што гледаме планира да го зголеми бројот и на потпретседатели на ова собрание
 

 

 

15.07.2017 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега