Автомобил излетал од патот кај Тетово - едно лице тешко повредено
На 15.07.2017 година утрината на регионалниот пат Тетово-село Пирок, во село Боговиње, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторо возило “Опел Астра“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 57-годишниот С. М од село Камењане, излетало надвор од патот.
Од незгодата со тешки телсно повреди се здобил возачот С.М. кој по укажаната лекарска помош во Клиничка Болница-Тетово, со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот Центар -Скопје.
По овластување на Јавен обвинител, увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово.
16.07.2017 - 12:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа