ВМРО- ДПМНЕ: Владата на СДС не носи прогрес во образованието, таа носи уназадување

Интегрален текст од изјава за медиуми, која е дадена денес, пред Министерство за образование, при што се обрати Јован Јаулески, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Политиката на СДС е лицемерна. Лицемерието на СДС највеќе на свој грб ќе го почувствуваат студентите.

          СДС скрати цели 213 милиони денари наменети за универзитетите и факултетите низдржавата, а ветуваше подобри услови во високото образование.

          Заев, Десковска, Туфегџиќ, Богоев и останатите во текот на изборите ветуваа квалитетно високо образование и подобри услови за студирање, а сега од позиција на власт само блокираат инфраструктурни проекти, укинуваат мерки и кратат финансии за образованието.

          СДС скрати цели 30% од буџетот за универзитетот во Охрид. СДС крати и 50% од парите наменети за ФИНКИ. Ниту Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот „Гоце Делчев“ не останаа имуни на негрижата од страна на СДС. За жал од оваа негрижа највеќе ќе страдаат студентите.

          Десковска како министер доаѓа од позицијата професор на правниот факултет. Таа во предизборието ги лажеше студентите и младите дека тие ќе бидат на прв план во новата влада на СДС, а сега истата таа професорка од позиција на министер, по насока на Заев крати 213 милиони денари од парите наменети за високо образовните институции. Тоа е лицемерие на дело.

          Заев пред и за изборите од уста не ги вадеше младите, како истите ќе биле негов приоритет и обврска, сега се што направи за младите е во насока на уназадување и отежнување на нивните права и услови.

          Владата на СДС не е реформска, таа е антиреформска. Владата на СДС не носи прогрес во образованието, таа носи помалку стагнација, а повеќе уназадување.

 

          Студентите се свесни веќе дека се изманипулирани од страна на СДС. Тоа нема да им го простат во ниту еден случај.

 

 

 

19.07.2017 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа