Голем пожар во Ѓорче Петров (ВИДЕО)

Голем пожар во селото Чашка, Општина Ѓорче Петров Голем пожар во атарот на с. Чашка, Општина Ѓорче Петров зафати борова и друга шума. Во гаснење на пожарот се вклучени екипи на противпожарната едница

Скопје, П.С Ѓорче Петров ,вработени од ЈП „ Македонски шуми“ како и вработени од комуналните единици од општината.
 
Во моментов, во гаснење на пожарот се вклучени и авиони за гаснење пожари- канадери кои се обидуваат од воздух да го изгаснат пожарот кој често го менува правецот на движење поради ветерот.
 
Сите присутни екипи што се излезени на терен се обидуваат да го локализираат пожарот, но поради променливиот ветер огнената стихија се појавува и на другите места. Првите дојави за пожарот до надлежните органи стигнаа околу 12, кога всушност е започнат и самиот пожар.

 

 

 

19.07.2017 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега