Откриен идентитетот на возачот кој почина во страшна несреќа на патот Велес-Градско

Педесет и две годишниот Радислав Д. од Куманово е лицето кое вчера го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа која се случи на патот Велес-Градско во близина на исклучувањето кај селото Виничани.

Управувајќи автомобил „Опел зафира“ од засега непознати причини изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот. Од добиените повреди кумановецот починал на лице место.

Телото на починатиот е предадено на обдукција.

 

 

 

20.07.2017 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа