Локализиран пожарот во Ѓорче Петров

Дирекција за заштита и спасување  Одделение за односи со јавност, соопшти дека, пожарот кај место викано Чашка во општина Ѓорче Петров  е локализиран и ставен под контрола.

- Ангажираните два авиони од Дирекцијата за заштита и спасување во текот на вчерашниот ден направија 7 налети, а утрово до 11 часот се направени уште 3 налети со два авиони. Дирекцијата за заштита и спасување има мобилизирано 25 лица од Републичките сили за заштита и спасување кои се на терен. 

Дирекцијата за заштита и спасување е во состојба на зголемена будност. Вработените во подрачните одделенија ја следат состојбата на целата територија на Републиката и е подготвена да во секој момент доколку има потреба ангажира тимови за брз одговор за гаснење на пожари на отворен простор на територијата на Република Македонија- напишаа восвоето соопштение

 

 

 

20.07.2017 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа