Толку ја претепал што завршила во болница - семејна драма во Кичево

Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против 40-годишниот Ш.С. од кичевското село Зајас кој подолг временски период во семејниот дом, на различни начини, телесно ја повредувал и физички ја малтретирал неговата сопруга која случаите не ги пријавувала во полиција.

Последниот телесен напад се случил на шести минатиот месец во 10 часот и 30 минути кога пријавениот почнал жестока караница со сопругата, а потоа и физички ја нападнал. Од здобиените удари, жената се здобила со видливи телесни повреди, константирани во соодветна медицинска белешка од лекар во Општата болница во Кичево. 

 

 

 

20.07.2017 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега