Трагедија во Македонија: Отишла на гости па ја нашле мртва

Трагедија во Македонија, почината жена била пронајдена во куќа. Како што информира МВР, во 08 часот и 30 минути во текот на вчерашниот ден, во СВР-Тетово, од Ургентен Центар во Тетово, пријавено било дека  во селото Речица во куќата на Е.К. починала 68-годишната И.Н. од Турција, која била на гости.

Во собата каде била починатата биле пронајдени разни лекови и апарат за инхалација.

Од доктор од судска медицина не се констатирани знаци на насилство.

По наредба на јавен обвинител телото е пренесено во Клиниката во Тетово за обдукција.

 

 

 

20.07.2017 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега