Хорор во Струга, поранешниот вереник и влегол дома - девојка во безсознание во болница

Околу 19 часот на улицата „Маркс Енгелс“ во Струга, млада девојка преживеала хорор кој и го приредил поранешниот вереник. 26-годишниот А.И. кој бил поранешен свршеник на 26-годишната А.Ш. од Шведска, која е лице со хендикеп на десна рака, со намера да си ги врати облеката и златниот накит, отишол во зградата во која престојува таа со семејството и откако видел дека влезната врата од зградата била затворена, насилно ја отворил, влегол во станот и физички ги нападнал неа, мајка и татко и и сестрата.

Во еден момент во станот пристигнал и братот на А.И., 31-годишниот Љ.И. и истите повторно ги нападнале членовите на семејството, а во намерата биле спречени од страна на Ж.М. кој престојувал во истата зграда.

Потоа насилството продолжило и пред самата зграда каде сторителите со тупаници го нападнале семејството, при што Н.Ш. паднала во бесознание. Истата со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Медицински центар Струга, каде и е укажана лекарска помош и е задржана за понатамошно лекување, додека Ф.Ш. се здобил со телесни повреди.  Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

20.07.2017 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега