Рекле дека не кријат ништо - „паднаа" со дрога на Табановце

Полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Север вчера на граничниот премин Табановце спречиле обид за криумчарење марихуана на излез од Македонија кон Србија.

Како што соопшти полицијата, во 22 часот на „Табановце“ дошле 30-годишниот М.С. и 31-годишниот К.Г. со патничко возило „Опел Астра“, двајцата од Скопје. По граничните проверки, биле повикани на дополнителна контрола при чие спроведување, под задните тапацири во возилото, е пронајдена марихуана во 25 пакувања од по околу 12,5 килограми.

Лицата се приведени и предадени на инспектори од МВР при СВР Куманово за натамошна постапка, а од страна на крим-техника е извршен увид и документирање на настанот. 

 

 

 

20.07.2017 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега