Стаменковска: СДС започна со реализација на планот да ја направи својата партија држава, а државата своја партија

Интегрален текст од прес конференција на ВМРО - ДПМНЕ која се одржа денес а се обрати Невенка Стаменковска.

Зоран Заев започна со реализација на планот да ја направи својата партија држава, а државата своја партија.

          Вработувањето на партиски војници и послушници не запира. Нови 13 советници од вчера се на списокот на извршители на Заев и СДС и ќе бидат плаќани со народни пари

          Кои се овие луѓе и по кој основ се вработени во Владата на Република Македонија? Дали е точно дека меѓу нив има и лица кои биле гонети за кривични дела и во Македонија и во Германија? Дали е точно дека Заев и СДС вработуваат лица кои биле гонети поради тоа што кај нив биле пронајдени психотропни дроги?

          Почитувани граѓани,

          Народот не смее да биде доведен во ситуација од негови пари да се плаќаат извршители, војници и послушници на Заев кои се дел од планот државата да се претвори во партија, а партијата во држава.

          Не смее од работа да се бркаат квалитетни луѓе само затоа што биле неистомисленици со Заев и СДС, а на нивно место да се вработуваат партиски послушници, криминалци со психотропни дроги и улични војници на СДС по принципот „од чистачка до директор“, како што Заев призна дека планира да владее.

          Не смее да се спроведуваат чистки за сите кои имаат само една лична карта и за кои членската од СДС никогаш не може да биде втора лична карта, како што бараше пратеникот на СДС, Курто Дудуш.

          Срамно е 1.500 членови на сите управни и надзорни одбори на јавните претпријатија, здравствени установи, центри за социјална работа, агенции и други правни лица, без исклучок, да се сменети во една секунда, со што СДС и Заев ги парализираат сите правни субјекти, а на нивно место да се поставуваат уличните платеници и профитери, партиските војници на СДС и криминалци со психотропни дроги.

          Сите овие дилетантски акции на СДС ќе ги платат македонските граѓани со повеќе од 100 милиони денари годишно. Најмалку толку чини приватизацијата на државата по планот на СДС за партиски вработувања на војници и послушници.

          Граѓаните се во неизвесност за својата иднината и за иднината на државата, гледајќи ги ваквите недемократски и срамни потези на владата на Заев и СДС. За само месец ипол, СДС започна да воспоставува режим во Македонија. Но, отпорот од народот многу бргу ќе го почувствува.

 

 

 

 

 

20.07.2017 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега