Давидовски: Глетката и мирисот од депонијата во Тетово предизвикува загрозување на здравјето на населението

 

Здравјето е категорија која не познава нација, вера, боја на кожа и сите ја чувствуваме нејзината состојба, а самиот мирис и глетка на депонијата во Тетово предизвикува загрозување на здравјето на населениот, Изјави Ратко Давидовски на денешната Панел дискусија: „ПОДОБРИ И РАЗЛИЧНИ: Локалната власт – еколошка катастрофа за Тетово“.

-Со горење на отпадот се создаваат диоксини и фурани и тие се канцерогени материи од прв ред и тие предизвикуваат канцерогени заболувања, ние тие материи ги имаме во воздухот затоа што на депонијата во Тетово отпадот се пали и се самозапалува, а тоа е најлошото сценарио. Отпадот е составен од органски материи кои се разградуваат на висока и пониска температура а сето тоа се случува на влезот на Тетово каде што се наоѓа депонијата, истакна Давидовски.

Тој потенцираше  и дека со разградување на органските материи можат да настанат бактерии кои преку инсектите се пренесуваат до луѓето. Ординациите се полни и имаме напад на респираторниот систем, како и крвниот систем и иритација на нос, грло и дишните патишта.

 

 

 

20.07.2017 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега