Заев: Минимална плата од 12.000 денари и за текстилната и за кожарската индустрија

Зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари од септември ќе го почувствуваат и вработените во текстилната и кожарската индустрија.  

Премиерот Зоран Заев, кој денеска заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, беше во посета на две текстилни фабрики во Штип, изјави дека со оваа мерка се отвараат и можности за зголемување на платите во државата.

- Она што е многу важно е дека покачувањето на минималната плата на 12.000 денари ја отвара спиралата на покачување на севкупните плати во Република Македонија. Секако, првиот таргет се тестилниот и кожарскиот сектор како најниско платени индустрии, изјави Заев.

Тој изрази задоволство од условите за работа и почитувањето на работното време, но апелираше до стопанствениците од текстилната индустрија да им даваат годишен одмор на вработените согласно законот.  

Најави дека Владата ќе финансира и бесплатно летување за 35.000 работници, со што бенефит ќе имаат домашните туристички капацитети. 

Како дел од мерките за поддршка на стопанството, премиерот Заев го посочи субвенционирањето со што секој месец во стопанството ќе се слеваат по 1,5 милиони евра, а најави и нови пакет мерки за домашните и странски компании со кои тие ќе имаат еднаков третман од страна на Владата.

- Најдоцна до крајот на август и почетокот на септември ќе објавиме мениа на нови гринфилд инвестиции, коишто ќе значат пред се работни места. Генерално веруваме дека ќе ја вратиме среќата и животот во Македонија, ако се грижиме за нашите граѓани, а наши граѓани се пред се работниците, изјави Заев.

 

 

 

21.07.2017 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега