Тим на ВМРО-ДПМНЕ во посета на општина Пласница

ВМРО-ДПМНЕ е партија која обединува и сплотува, таа подеднакво се грижи за сите, без разлика на етничката припадност.

Еден од тимовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска е во општина Пласница во која живеат претежно припадници на турската етничка заедница, и помал број Македонци и Македонци-муслимани. Во општината има голем број поддржувачи на политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

-Како членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и дел од тимовите кои работат на терен, ја имаме таа чест, преку директни средби не само со граѓаните, туку и со компаниите, да слушнеме за проблемите со кои тие се соочуваат и да ги слушнеме нивните предлози и барања, после што потребите на населението ќе станат дел од нашите програми за работа и предлог програми за проекти на нашите претставници во локалната самоуправа, рече Нермин Теловска.

 

 

 

21.07.2017 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега