Следат пеколни температури па невреме - УХМР со вонредна најава

До вторник нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Дневната температура  во голем дел од земјава ќе надминува 35° С, а во јужните делови   ќе достигне до 40° С. УВ индексот ќе има многу висока вредност 9. Утре  не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, пред се на исток во планинските подрачја.

 Од вторник се очекува промена на временската состојба, и во вторник ќе има врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, особено во северните делови.Ќе дува умерен југозападен и јужен ветер,кој попладне на повеќе места ќе се засилува.Во среда  и четврток времето ќе биде променливо и свежо со  локален дожд. Дневната температура, почнувајќи од запад ќе биде во опаѓање, кое ќе продолжи и во наредните два дена и ќе се движи во интервалот од 26 до 33 степени.УВ индексот ќе има вредност помеѓу 8 и 7.

 

 

 

 

 

23.07.2017 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега