Уништена авионската бомба во Штип

Уништена е авионската бомба од Втората светска војна, која пред речиси еден месец беше пронајдена во близина на штипската фабрика „Актива“ за производство на делови за автобуси.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу вели нема повредени луѓе, ниту пак во првичниот момент искршени прозорци и штети на фабриката „Актива“ и на останатите стопански објекти во индустриската зона. Стручниот тим на АРМ професионално ја детонираше бомбата тешка 260 килограми, а во која имаше 170 килограми експлозив тротил. Проектилот беше опшиен со динамит и поставен во дупка длабока четири метри. Акцијата за уништување на бомбата претпладнево беше стопирана четири часа на барање на сопственикот на фабриката „Актива“, кој стравуваше за штети на објектот и на 10 ласерски машини кои при помал потрес ќе мораат околу дваесетина дена да се наштелуваат за да се вклучат во производство. Но, стручните тимови на Дирекцијата за заштита и спасување и на АРМ сепак одлучија да ја почитуваат донесената одлука, бидејќи постоеше поголем ризик по човечките животи доколку се дислоцираше. Авионската бомба од Втората Светска војна на 6 април 1941 година е фрлена од германски авион на кој мета му биле аеродромот Сушево и железничката пруга. Во земјава од 2004та година па досега се уништени десет вакви авионски бомби од Втората Светска војна. 

 

 

 

24.07.2017 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега