ВМРО-ДПМНЕ: Средства од ребалансот за дислоцирање на депонијата во Тетово

Централната власт итно, со ребалансот на Буџетот, да предвиди средства и да почне постапка за дислоцирање на депонијата во Тетово, бара ВМРО-ДПМНЕ.

Како што изјави денеска Ивица Ѓорѓески, Општина Тетово и надлежните институции се глуви на апелите и барањата на граѓаните, а градоначалничката Теута Арифи нема намера да го реши овој проблем.

- Сред лето, на помалку од еден километар од градот се наоѓа целото ѓубре кое се собира во Тетово. На стотина метри од градскиот пазар и на десетина метри од стопанските и станбените објекти се наоѓа дива депонија која функционира во субстандардни услови. Од 100 до 150 тони ѓубре дневно се собира во градот и се складира на несоодветно место, а поради неодговорноста на градските служби се случува со денови делови од градот да останат со несобрано ѓубре по контејнерите поради што низ целиот град се појавуваат по десетина мини диви депонии под прозорите и пред вратите на граѓаните, укажа Ѓорѓески.

Според него, проблемот со депонијата е премногу сериозен за да се премолчи.

- По лошото искуство со струшката депонија, граѓаните на Тетово со право се плашат дека тоа може да се повтори и во нашиот град. Само што овојпат последиците ќе бидат несогледливи, предупреди Ѓорѓески. 

 

 

 

24.07.2017 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега