Омани очекува брзо усвојување на Законот за употреба на јазиците

Владата во наредните денови ќе го адресира Законот за употреба на јазиците како важно прашање кое е дел од Рамковниот договор, изјави денеска вицепремиерот Бујар Османи..

- Во наредните денови Владата ќе го разгледа и се надеваме брзо ќе го усвои законот за употреба на јазиците, рече Османи на новинарско прашање пред состанокот на СЕП и Минситерството за правда посветен на имплементацијата на реформите од Планот 3-6-9 кои се однесуваат на правосудството..

Тој посочи дека не очекува опструкции од опозицијата. 

- Мислам дека не затоа што тие имаа јавен став дека ќе го сменат односот кон албанската заедница затоа што констатирале во партијата дека имале погрешен пристап. Ние сметаме дека ова е идеална можност да ВМРО-ДПМНЕ го коригира ставот и заеднички со консензус го донесеме законот за јазици. Такво чувство имаме добиено од јавните ставови на ВМРО-ДПМНЕ, рече вицепремиерот Османи. 

 

 

 

 

24.07.2017 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега