Велосипедист удрил во 11 - годишно девојче и побегнал

Вчера во 23,00 часот во Тетово, на булевар „Видое Смилевски Бато“ се случила сообраќајна незгода помеѓу велосипед, управуван од засега непознато лице кое по ударот го напуштило местото на настанот, и пешак- малолетничка на возраст од 11 години од Тетово.

Во незгодата истата се здобила со тешки телесни повреди, по што со возило е пренесена во Клиничка Болница-Тетово, каде и е укажана лекарска помош и е пуштена на домашно  лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи-Тетово.

 

 

 

24.07.2017 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега