Трагедија во Македонија, мотоциклист почина на лице место
Четириесетгодишен мотоциклист Г.И. од Битола го загуби животот во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во месноста „Стрелиште“ на крстосницата од улиците „8 Септември“ и „Арон Ароести“ во Битола.
Како што соопшти СВР Битола, несреќата се случила кога директно се судриле патничко моторно возило „фолксваген-голф“ и мотоцикл „хонда“.
- Во директниот судир на местото на настанот животот го загубил мотоциклистот Г.И. од Битола, а смртта ја констатира увидна екипа на Итната медицинска помош. Сообраќајната несреќа е регистрирана од СВР-Битола и јавен обвинител кој поведе истрага, изјави за МИА Лефтерија Миленковска, портпарол на СВР-Битола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа