Обид за силување во Охрид

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 25-годишниот И.П. од Скопје, кој на 28. јуни годинава во 10 часот и 45 минути во влез од зграда на булевар „Туристичка” во Охрид, влегол додека девојка ја земала поштата од сандачињата, по што и се доближил и почнал да ја допира.

Таа го оттурнала насилникот, а набрзо по пријавувањето на настанот, полициските службеници го пронајдоа и приведоа во полициската станица, информираат од СВР Охрид.

 

 

 

26.07.2017 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега