Гори борова шума во Македониски Брод- екипите на готовс

Дирекција за заштита и спасување и одделение за односи со јавноста преку официјално соопштение, извести:

-Денес на територијата на Република Македонија има еден активен пожар на отворен простор во Македонски Брод. 
Дирекцијата за заштита и спасување има ангажирано два авиона и 56 припадници на тимовите за брз одговор од пожари на отворен простор 
преку подрачните одделенија од М.Брод, Битола, Прилеп и Кичево. На терен се присутни и 4 противпожарни возила и 20-сетина лица од локалната 
самоуправа. Пожарот е лоциран на непристапен терен и гори борова шума- велат оттаму

Во гаснењето на пожарот се вклучени и два хеликоптера на Министерството за Одбрана 

-Дирекцијата за заштита и спасување е во состојба на зголемена будност. Вработените во подрачните одделенија ја следат состојбата на целата територија на Републиката и е подготвена да во секој момент доколку има потреба ангажира тимови за брз одговор за гаснење на пожари на отворен простор на територијата на Република Македоинија- соопшти дирекција за заштита и спасување 

 

 

 

26.07.2017 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега