ВМРО-ДПМНЕ Велес: СДСМ не ја интересираат успешни институции, туку реваншизам и пресметување со сите кои не мислат како нив

 

СДСМ не ја интересираат успешни и функционални институции, туку реваншизам и пресметување со сите кои не мислат како нив. Разрешувањето на Јордан Витанов од позицијата директор на Народниот театар ЈХК Џинот е класичен пример на брутален партиски реваншизам на владата предводена од СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ Велес.

Во продолжение следува интегрален текст.

Разрешувањето на Витанов нема ниту една издржана причина и ниту едно издржано образложение, а единствено што има е потписот на министерот за култура Роберт Алаѓозовски. Со овој потег СДСМ испрати порака дека и културните работници ќе бидат вреднувани според партиската припадност, наместо според професионалноста, придонесот и сработеното.

Прашуваме, му пречат ли на СДСМ врвни професионалци и уметници во културните институции?

Му пречи ли на СДСМ Јордан Витанов затоа што тој е долгогодишен и докажан уметник? Му пречи ли на СДСМ Витанов затоа што во време на неговиот мандат како директор на театарот се изгради новата театарска зграда?

Им пречи ли на СДСМ Витанов затоа што во неговиот мандат тој се избори театарот да вработи млади актери и други уметници со што на долг рок се зајакна кадровиот потенцијал на оваа наша институција со која цел град се гордее? Им пречеше ли на СДСМ ангажманот на Јордан Витанов за првпат во нашиот град да донесе Балет и Филхармонија кои настапија во новата театарска зграда?

Му пречеше ли на СДСМ Витанов затоа што тој го отвори театарот за настап на Дуке Бојаџиев пред велешани?

Или вистината е дека на СДСМ му пречи Витанов затоа што тој не е дел од нивните таканаречени шарени револуционери кои вандализираа објекти на државни институции и установи? Или можеби за СДСМ гревот на Јордан Витанов е што заедно со велешани се спротистави на Тиранската платформа и застана на браникот на државата кога Заев се пазареше со националните интереси.

Со разрешувањето на Јордан Витанов од позицијата директор на велешкиот театар владата на СДСМ покажа дека за нив поважно е да се пресметува со неистомислениците отколку да работи и да ги исполнува ветувањата кон граѓаните. На СДСМ му е приоритет да прави чистка во институциите по политичка основа на место да води политики за решавање на приоритетите за граѓаните. Откога се дојдени на власт, ниту направија нешто за Велес ниту најавија проект кој наскоро би се реализирал. Се повеќе станува јасно дека освен реваншизам и партизација на институциите тие друго не знаат да работат. Велешани тоа го гледаат.

 

 

 

26.07.2017 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега