Албански државјани протерани од Македонија
Единаесет албански државјани се протерани од Македонија. Тие биле затекнати на 25 јули на струшката депонија каде работеле на собирање на пластичен отпад, а имале изградено импровизирано живеалиште во кое што престојувале. Изречена им е мерка забрана за влез во државата во рок од една година. Според полицијата, дополнително ќе се утврдува нивна поврзаност со последното палење на депонијата која и денеска се уште чади.
„На нив им се изречени соодветни пријави за нелегален престој во државата и нелегална работа на подрачјето на Струга. Дел од нив илегално влегле на територијата на општина Струга, додека дел од нив оствариле легален влез“, рече Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Од полицијата потврдија дека овие лица веќе извесен период работеле на депонијата. Од општина Струга бараат МВР до крај да го расветли целиот случај, а како докази велат може да се искористат и снимките од камерите кои биле поставени на еден дел од депонијата. Од таму велат дека без помош од државата не можат сами да го решат овој проблем.
„Вистина, јас тогаш мислев дека брзо ќе го решиме проблемот. Решение би било локација која ние ја немаме за да ја понудиме. И да имаме,сепак дозвола за таква локација треба да издаде владата на РМ односноМинистерството за животна средина или Министерството.за транспорт и врски при што ние на опредеелената локација би го одлагале сметот со нивна дозвола“, вели Мустафа Забзун, градоначалник на Струга.
Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека сите расположливи средства со кои држвата располага ќе ги стави во функција на гаснење на струшката депонија, но дека ќе помогнат и во времен ангажман на лицакои 24 часа би се грижеле за чување на депонијата. Но, од граѓанската иницијатива „Доста е“ велат дека по скоро два месеци се добиваловпечаток дека локалната и централната власт немале концепт зарешавање на проблемот. Бараат итна средба со премиерот Заев, аВладата во соработка со локалната власт да излезе со конкретни мерки за решавање на проблемот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа