Бесими домаќин на форум со неговите претходници

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, денеска по втор пат беше организатор на форум со поранешните вицепремиери задолжени за европски прашања чија цел е преку неформален и отворен пристап да се придонесе кон размена на идеите и искуствата во поглед на реализација на Стратегијата на Република Македонија за пристап во ЕУ и придонесот кон годишниот извештај. 

- На средбата беше потенцирано дека евро-атланската интеграција на Република Македонија несомнено претставува врвен стратешки приоритет. Исто така, беше истакнато дека европската интеграција подразбира инклузивен и транспарентен процес на соработка на сите државни институции, политички субјекти и граѓанскиот сектор, се вели во соопштението од Секретаријатот за европски прашања.

Воедно, се посочува дека од Секретаријатот ќе продолжи и во иднина да ги промовира европските вредности во рамки на неговите координирани активности за европска интеграција. 

21.08.2013 - 14:55