Пренџов: Добиваме некорумпирана Влада која ќе донесе градежна офанзива и трансформирана држава

 


„Денес светот се соочува со Влада, која што не се инаети, но истовремено не е корумпирана и не замижува пред интересите на граѓаните и нас ни е должност да се грижиме за иднината на државата на секој еден којшто живее во Македонија“, ,прецизираше во своето излагање пратеникот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов на гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Пренџов говореше за позитивните промени коишто се случуваат во Македонија, истакна за зајакнување на односите со САД и нагласи дека Македонија со стратешкиот Договор со Обединетото Кралство добива уште еден моќен сојузник.

„Целиот овој склоп на промена на Македонија, зајакнување на односите со САД, правење многу силен сојуз со Велика Британија, тоа е една промена на целокупниот изглед и начин на функционирање на Македонија.  Македонија станува држава која што знае што сака и има проектирана цел кон која што се движи. Така што тоа се делови кои што значат многу во нашите позиции, кога ќе разговараме во следниот период, во нашите погледи во однос на Балканската геополитика, и мислам дека добри работи се случуваат и сите ние коишто живееме во Македонија го заслужуваме тоа после долго време“, посочи Пренџов.

Пренџов се осврна на стратешкиот Договорот со Обединетото кралство и можностите кои се поврзани со истиот. Тој истакна дека следува градежна офанзива која што ќе ја трансформира државата. Тој додаде дека клучниот инфраструктурен проект од договорот е изградба и реконструкција на железницата на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија, а планирани се и инвестиции за изградба на Медицински факултет во Штип и на студентски дом.

„Во Македонија за прв пат имаме таква градежна офанзива која што ќе го смени на позитивно описот на државата. Ќе се инвестира со овие пет милијарди фунти од страна на Британија. Ќе имаме брза пруга од границата со Србија до границата со Грција. Покрај тоа што ќе имаме автопат од север до југ ќе  имаме и брза железница. Второ, во Штип, во Тетово и во Кичево имаме една нова и две целосно реконструкции на болници и клинички центар во Штип. Покрај тоа што ќе има клинички центар во Штип, ќе се отвори и Медицински факултет којшто притоа ќе има и студентски дом со некаде околу 200 легла“, заклучува Пренџов.

23.05.2025 - 19:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега