ВМРО-ДПМНЕ: Со смената на директори Алаѓозовски ги партизира институциите

 

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека министерот за култура ги прогонува по политичка и идеолошка основа сите луѓе кои се означени како противници.

- Срамна, незаконска и незаборавена ќе остане неговата акција на чистки и на политички прогон која тој ја нарече „ослободување на институциите од влијанието на Никола Груевски“. Алаѓозовски мисли дека ако тој самиот се нарече ослободител граѓаните ќе му веруваат и не гледајќи го што прави, истакна на прес-конференција Крсте Јовановски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека без голема моќ на расудување е одлуката на Алаѓозовски на средина на „Охридско лето“ да го смени директорот на фестивалот од политички причини.

Според Јовановски, Алаѓозовски докажал дека него и неговата партија не го интересираат професионалци, туку смената на директори е произлезена да ги партизира сите институции.

- Чистките во Охрид продолжија со незаконското разрешување на исклучително успешниот професионалец Тања Паскали-Бунташеска, Управата за заштита на културното наследство се лиши од еден професионален директор. Алаѓозовски противзаконски го разреши и директорот на Охридскиот театар Горан Стојановски кој учествувал во повеќе од 20 премиери и повеќе од 6000 претстави откако е формиран театарот во 2011 година. Со неговото доаѓање на чело на институцијата Стојановски успеал и да го намали нејзиниот долг за 62 проценти за само една и пол година, рече Јовановски.

Додаде дека смените се противзаконски и без потпис од службите и дека оштетените имаат право да тужат а тие, како што рече, ги охрабруваат да го направат тоа. 

 

 

 

28.07.2017 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега