Стојановски: Во општина Илинден од 2008 година до сега има 180 инвестиции, невработеноста е смалена на 6%

 

Во општина Илинден за да се постигне еден одржлив развој во делот на привлекување на инвестициите пред се` се користеа можностите кои ги имаме како локална самоуправа, искористување на површините кои претходно се подготвуваат во делот на планирање на просторот.

Ова на денешната панел дискусија во огранизација на ВМРО-ДПМНЕ го истакна градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски.

Вели дека тоа биле површини и простори кои се опфатени со добра инфраструктура за да можат на инвеститорите да им понудат добри услови, бидејќи тие се основен предуслов за инвеститорите да може да дојдат.

-Од 2008. година досега има реализирано 180 инвестиции, од кои 33 се странски директни инвестиции. Секако дека одржливиот раст придонесува и за намалување на бројот на невработени, односно зголемување на бројот на вработувања во нашата општина. Само за компарација би сакал да истакнам дека од 2008. година каде што невработеноста во општина Илинден изнесуваше 38 проценти, денес изнесува 6 проценти. Тоа беше континуиран пад на невработеноста, со зголемување на инвеститори, отворање на нови слободни работни места и во овие шест проценти спаѓаат активните и пасивните баратели на работа, појаснува Стојановски.

Вели дека локалната самоуправа пред се има добри кадри, добри капацитети во работната сила, луѓе кои што и со своето искуство и со своето знаење придонесуваат да влезат во компаниите.

 

 

 

 

28.07.2017 - 19:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега