Богдановски: Инвестициите во општина Илинден се од капитално значење за граѓаните, но и за поддршка на бизнис заедницата

 

Општина Илинден со цел континуирано да продолжи со локалниот економски развој инвестираше во повеќе области кои се неопходни за подобрување на квалитетот на живеење во општината. Пред се во подобрување на патната и комуналната инфраструктура реализиравме кои што се од капитално значење за граѓаните на општината, но и за поддршка и развој на бизнис заедницата.

Ова на денешната панел дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ го истакна Дејан Богдановски од општина Илинден.

Посочи дека изградени се четири сегменти од системот за зафаќање, пречистување и одгледување на отпадни фекални води со четири причестителни станици во три населени места, во Илинден, Кадино и Марино, каде што се опфатени 1.400 домаќинства.

-Во делот на областа на заштита на животната средина еден од главните проекти е уредувањето и чистењето на отворените одводни канали. Како показател, во општина Илинден имаме отворена каналска мрежа во должина од 120 километри на целата територија која што служи за зафаќање, прифаќање и одгледување на атмосферските води, како и на површинските води, појаснува Богдановски.

Вели дека еден од капиталните објекти од областа на здравството изградена е нова амбуланта во населеното место Миладиновци во соработка со Министерството за здравство.

-Таа амбуланта опслужува 6 населени места, односно половина од населените места во општината. Тоа се Миладиновци, Бујковци, Мршевци, Бучинци, Текија и Дељадровце каде што граѓаните ќе добијат здравствена услуга и ќе можат своите потреби да ги добијат во овој здравствен дом, потенцира Богдановски.

Додаде дека во сите 12 населени места во општината изградени се и Домови на културата.

 

 

 

28.07.2017 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега