Ѓорчев: ДА за договор за добрососедство, но НЕ под овие услови
Во мнозинството на СДСМ, ДУИ и Алијансата на Албанците нема слух за свикување на седница, слух нема ни во Владата, оцени пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во интервју за ТВ НОВА по барањето да биде свикана итна седница на која ќе се расправа за договорот за добрососедство со Бугарија.
-Власта увствува дека Македонците се вознемирени од договорот. Зборуваме за борба што трае со векови, а сето тоа во моментов е ставено под прашалник поради договор спроведен во неколку недели. Апелираме до власта да се испрАават неколку работи во договорот. Ние сакаме да се потпише договор, но не под овие услови и со оние забелешки што ги дадовме. Спорните точки за кои ВМРО-ДПМНЕ имаше забелешка, на крајот беа се прифатија во полза на Бугарија. Тоа не е компромис. Додека Бугарија го пречека тримфално, кај нас договорот се криеше со месеци, зашто знаеа какви ќе бидат реакциите. Сега 4-5 дена пред потпишувањето, власта ја стави пред свршен чин целата јавност, истакна Ѓорчев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа