Васко Наумовски - нов македонски амбасадор во САД

Васко Наумовски ќе биде нов амбасадор на македонија во Вашингтон, јавува Сител повикувајќи се на дипломатски извори. Поранешниот вице премиер за евро интеграции ѓе го наследи Зоран Јолевски во амбасадата во САД.

Дарко Ангелов пак ќе биде ново амбасадорско решение за Атина и ќе седне во фотељата на досегашниот амбасадор Сашо Стевков.

Од Министерствотоз а надворешни во амбасадорската позиција во берлин се сели Ненад Колев.

Ова се три од решенијата кои владата ги достави до претседателот и кои добија зелено светло од шефот на државата.

Според извори на сител Пајо Авировиќ заминува од Амбасадорската фотеља а на негтово место во мисијата на Македонија во Светската организација доаѓа Васко Андоновски, дипломат од кариера кој од новинар преку МНР беше на служба во амбасадата во Рим а потоа беше и заменик амбасадор во Пекинг.

Авировиѓ пак се враѓа во Тел Авив, амбасадата која ја напушти за позицијата во Обединетите Нации.

Меѓу ротирачките амбасадори се и Веле Трпевски од Тирана и Стојан карајанов од Приштина. Досегашниот амбасадор во косово се сели во Албанија додека Трпевски заминува во амбасадата во Австралија.

Досегашниот амбасадор во Хаг Никола Димитров заминува во Москва а на негово место доаѓа актуелниот амбасадор во Словенија Игор Попов.

Илија Исајловски од Москва заминува во пекинг а од таму во Италиај се сели Оливер Шамбевски.

Фуад Хасановиѓ од Катар се сели во Сараево а на негово место доаѓа Шабан јашари. Агрон Буџаку добива нов 4 годишен мандат во париз.

Василка Попоска Тренеска најверојатно ѓе го наследи својот сопруг Мартин Тренески како амбасадор на македонија во НАТО.

 Министерството за надворешни работи сега ги подготвува барањата за агремани за идните амбасадори, процедура која може да трае и неколку месеци.

 

 

 

21.08.2013 - 16:12
Фото: 
Утрински

најчитано сега