Попова: Кратењето на пари за градинките од страна на СДСМ нарушуваат планови бувкално на цели семејства

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своите панел дискусии каде што се оценува работата на новата власт и се кажува она што претходната го направи за граѓаните. На денешниот панел „Негрижата на СДСМ удира по децата и пензионерите “ говореше и Ирена Попова од ИК на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Попова кажа дека поради странските инвестиции многу жени имаат можност сега да се вработат во истите тие, но неможноста околу тоа кој да го чува нивното дете ги попречува во тие планови.

-Замислете да сте мајка на едно дете, да имате во својата општина најавен проект дека ќе се градинка во наредниот период. Сите тие најави  вие како семејство си ги планирате, планирате одредени доедукации, вработувања, исто така многу мерки кои што ги предвиде претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ со проектите за самовработување. Сите овие планови се буквално нарушени, ни се јавуваат мајки кои што ни кажуваат дали ова се однесува на нашата општина, дали на друга општина. Сите тие планови паѓаат во вода, мајките се општ хаос, во една неизвесност, изјави Попова.

Таа надополни дека навистина не може да разбере како може во фаза на избори да нуди програма за живот, каде што од новата власт најавија 50 проценти зголемување на капацитетот на градинките.

-Многу е лесно да говорите кога не сте на позиција, многу е лесно да давате паушални изјави кога ги немате информациите и кога ги немате стручните анализи. Еве за пример само ќе кажам, во Кавадарци наталитетот е зголемен и бројот на работни места се зголемени. Според плановите поради ова планирано беше во таму нова градинка, а сега вие им кажувате на граѓаните нема да се гради нова градинка, изјави Попова.

 

 

 

 

31.07.2017 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега